ЧПП

ЧПП

Може да купите билет или карта преку мобилната апликација на ЈСП Скопје, од билетарите на ЈСП или преку веб системот за билети. Мобилна апликација: Преземете ја мобилната апликација SkopjeBus на вашиот Apple или Android уред. За да купите билет преку апликацијата на ЈСП Скопје, кликнете на копчето “Купи билети” во горниот лев агол или на иконката со знак плус во центарот на екранот. Потребно е да создадете корисничка сметка и да бидете најавени во неа, за да ги видите Вашите билети и карти. Доколку сеуште не сте се регистрирале во апликацијата, ќе треба да го направите тоа, користејќи ја Вашата електронска пошта, телефон или сметка на Google, Apple или Facebook. Откако успешно ќе се најавите, можете да го завршите купувањето со дебитна, кредитна или при-пејд картичка. Плаќањето се врши преку безбедна и сертифицирана надворешна услуга /PCI-compliant/. Вашето купување ќе се појави на Вашиот мобилен уред и ќе бидете подготвени да се возите. Центри за услуги на клиентите:

Може да добиете паметна картичка за повеќекратна употреба и да ја надополните во продажните места на ЈСП или во билетара.
Онлајн веб-систем за билети: За да купите билет преку веб системот, отидете на www.skopjebus.mk  Преземете ја бесплатната SkopjeBus  апликација, за да ги употребувате на својот смартфон билетите и картите, купени преку веб системот за билети. Кликнете Цени на билети во горниот десен агол. Ќе се појави страница со сите опции на билети и карти, што можете да ги купите и ќе можете да продолжите со одбраниот од Вас начин на плаќање. Потребно е да создадете корисничка сметка и да бидете најавени во неа, за да ги видите Вашите билети и карти. Доколку сеуште не сте се регистрирале во апликацијата, ќе треба да го направите тоа, користејќи ја Вашата електронска пошта, телефон или сметка на Google, Apple или Facebook. Откако ќе се најавите успешно, ќе треба да го завршите купувањето со плаќање со дебитна или кредитна картичка

Ако сте го купиле вашиот билет од мобилната апликација:

  • Отворете ја мобилната апликација.
  • Навигирајте до копчето “Билети” и одберете ја посакуватана опција.
  • Насочете го прикажаниот QR-код кон камерата, која се наоѓа во долниот дел на валидаторот во превозното средство.

Доколку го купивте Вашиот билет со смарт карта:

  • Скенирајте ја картичката на читачот кој се наоѓа во горниот дел на валидаторот во превозното средство.

Одберете го копчето “Билети” потоа кликнете на копчето за најавување или на иконата на профилот во горниот десен агол. Потоа креирајте сметка со избирање на една од опциите – со електронска пошта, телефон, преку Google, Facebook или Apple сметка.

Податоците за вашата сметка може да се променат само со контактирање на агенцијата – тие ќе ги направат потребните промени.

Можете да изберете постојка со допирање на црвената точка. Ќе се појават детали за рутите кои минуваат низ оваа автобуска постојка, а со допирање на * (икона со ѕвезда) ќе можете да ја додадете постојката во категоријата “Омилени”

Најдобар начин е да ја побарате дестинација, за која сте заинтересирани, во менито Пребарување. Потоа ќе можете да изберете од опциите наведени по редослед на време (почнувајќи од најбрзото време на пристигнување од точка А до точка Б).

Можете да ги користите вашите билети и карти дури и кога не сте поврзани на интернет. Ќе имате потреба од интернет конекција само за купите или надополните билет или карта.

Можете да го надополните Вашиот е-паричник со посакуван износ, со помош на Вашата банкарска картичка. Одберете го менито “Билети”, а потоа копчето “Дополнување” во горниот десен агол. Внесете го посакуваниот износ, наведете ги деталите за Вашата картичка и завршете го плаќањето.

Во менито “Билети”, кликнете на копчето “Купи билети”. Одберете го посакуваниот билет или карта и изберете го салдото на вашиот е-паричник како начин на плаќање. Отворете го билетот или картата која сте ја купиле и скенирајте го неговаиот QR-код во валидаторот на превозното средство.

Намалени цени се достапни само во Центрите за услуги на корисници на ЈСП Скопје.

Мобилната апликација има потреба од пристап до Вашата GPS локација, за да обезбеди точни податоци.

Потребно е да го посетите Центарот за персонализација “АВТОКОМАНДА ЈСП ДИРЕКЦИЈА” – во работен ден од 6:30 до 14:30 часот. Таму вашата картичка ќе биде поврзана со вашата сметка во мобилната апликација. Задолжително понесете ја со себе вашата пластична картичка за патување во јавниот превоз во Скопје. Ќе биде потребно да го кажете телефонскиот број или е-поштата со која сте биле најавени во апликацијата.

Ќе можете да валидирате веќе купени билети, но доколку треба да купите нов билет ќе Ви биде потребна интернет конекција

Можете едноставно да се најавите на мобилната апликација користејќи ги Вашите податоци за најава. Имајте предвид дека не можете да ја користите мобилната апликација со иста сметка на два уреди одеднаш.

Можете да изберете дали мобилната апликација да ги зачува податоците за Вашата кредитна картичка или не.

Сметка е неопходна само ако сакате да купите билет или карта.

Поддржани верзии: iOS 10 + Android 7 +

Доколку не можете да пристапите до вашата сметка на вашиот мобилен уред, можеби тоа е затоа што вашиот уред е ограничен. Ова може да се случи од различни причини, како што се најавување на друг уред, ако имате казна, поради безбедносни проблеми (како кражба или измама) или други фактори.

За да го вратите пристапот, контактирајте го центарот за услуги на клиентите.

Ако ограничувањето се должи на најавување на повеќе уреди, можете повторно да го активирате уредот со одјавување и повторно најавување 24 часа по последното најавување.

Не. Вашите билети, зачуваната вредност и информациите за сметката се чуваат безбедно во системот за наплата на билети заснована на сметка на Modeshift. Откако ќе се најавите на вашата сметка на нов уред, сите активни билети и салда на паричникот ќе бидат вратени.