Посебни услуги

Посебни услуги

  • ЈСП СКОПЈЕ во својата организациона поставеност има и Служба за слободен превоз, која со возилата на ЈСП СКОПЈЕ организира и реализира договорен редовен и слободен превоз, и тоа: 

1. Посебен линиски превоз

  • ЈСП СКОПЈЕ врши посебен линиски превоз со возилата за јавен превоз или т.н. договорен превоз за училишта, фабрики, јавни институции и превоз по барање на физички лица и здруженија на граѓани.

2. Превоз за лица со посебни потреби

  • ЈСП СКОПЈЕ располага со нископоден автобус и повеќе минибуси за превоз на лица со посебни потреби. Нивното користење се регулира со посебен договор со градот Скопје и Здружението на студенти и младинци Скопје, а се користи за превоз на студентите и учениците со посебни потреби од дома до училиште и обратно, како и превози за лични потреби на гореспоменатите корисници.
  • Контакт:
  • sloboden.prevoz@jsp.com.mk
  • Тел. 02/3171 952

3. Одржување и поправка на моторни возила

  • Располагаме со простор , потребна опрема и високо стручен кадар за комплетно тековно и инвестиционо одржување на автобуси , кое опфаќа: одржување на горен построј- каросеријата, од делумни поправки на каросерија до целосна реконструкција вклучувајќи и фарбање; одржување на долен построј на автобуси: мотор, менувач, диференцијал, предна и задна осовина, систем за кочење, пневматика и хидраулика, систем за ладење, систем за управување и светлосни уреди.
  • Претпријатието е овластен сервисер за следните типови возила:
  • - МАН;
  • - РАБА-МАН;
  • - МЕРЦЕДЕС;
  • - ФАП;
  • - ИВЕКО;
  • – ЛАЗ;
  • Оваа дејност ЈСП СКОПЈЕ - Скопје ја врши преку посебно Одделение за договорен превоз кое можете да го контактирате на бесплатната телефонска линија 0800 15 115, како и :
  • телефон/факс: 02-3174-952; 072 304 045; Понеделник до Петок - од 7 - 15 часот 
  • факс: 02-3174 260;
  • e-mail: slobodenprevoz@jsp.com.mk