За нас
За нас
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е организиран систем и најголем превозник на патници во главниот град на Република Северна Македонија, со јасно дефинирана дејност од посебен општествен интерес.
ЈСП СКОПЈЕ е носител на превозот на патници во јавниот градски и приградски сообраќај на подрачјето на град Скопје.
Врз основа на решението на Извршниот народен одбор на град Скопје од 1947 година на 17 Јануари 1948 година е конституирано Градското автобуско сообраќајно претпријатие.
Со Одлука на Собранието на град Скопје од 1989 година Работната организација за градски сообраќај „Скопје“ е трансформиранa во ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ. Според член 10, позиција 4, алинеа 10 од Законот за град Скопје, уредувањето и организацијата на јавниот градски и приградски превоз на патници, како единствен превозен системот во градот, е под надлежност на градот Скопје.
