IMG-9b1cfae3525f4c72a2975f7cedd183a9-V

ЈСП Скопје учествуваше на манифестацијата „Отворен ден“ во организација на АСУЦ „Боро Петрушевски“

ЈСП Скопје денес се приклучи на манифестацијата „Отворен ден“ во организација на градското средно училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ со цел подобрување на можностите за младите преку обезбедување поквалитетно образование и практична настава.

Учеството на ЈСП Скопје на манифестацијата „Отворен ден“ е дел од успешната образовна, практична и техничка соработка со АСУЦ Боро Петрушевски.

Во рамките на овие заеднички активности, ЈСП Скопје е отворено за заинтересираните ученици и идните стручни кадри и овозможува:

• практична настава и организирани посети;• размена на искуства и знаења;

• едукативни и консултативни активности;

• директно запознавање со работните процеси и стекнување практични знаења согласно наставните програми.

Comments are closed.