
ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ
NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP
Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје, Тел. : 02/3174-264, Fax : 02/3174-260, https://skopjebus.mk/mk/
Јавен оглас бр. 01/2025 за продажба на отпадно масло со прибирање на понуди со јавно отварање
Предмет на продажба:
1.Употребувано отпадно масло
2.Придружни документи со понудата:
– Извод од регистрација на дејност од Централен регистар,
– Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки,
– Доказ од судска евиденција, дека не е отворена стечајна постапка или ликвидација,
– Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност – забрана за вршење на дејност, должност
или професија,
– Дозволи издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање и тоа Дозвола за превоз, складирање и третман на опасен отпад со опфат на шифрите за отпадно масло со датум на важење минимум до 12 месец 2025 година.
Придружните документи не смеат да бидат постари од 6 месеци, освен документот од алинеја 1 и треба да се достават во оригинален примерок или копија заверена од овластено лице.
Заинтересираните правни и физички лица писмените понуди, потпишани од одговорното лице на понудувачот, во затворен коверт без никакви ознаки со кои би се идентификувал понудувачот, можат да достават до 10.06.2025 година до 11 часот, во архивата на претпријатието лично или препорачано по пошта, на адреса: Јавно сообраќајно претпријатие Скопје – Комисија за спроведување на јавен оглас, бул.Александар Македонски бр.10 – Скопје, со назнака во левиот горен дел ,, Не отварај и наведување на бројот на јавниот оглас,,.
3. Доставувањето на понудите ќе се врши во архивата на ЈСП СКОПЈЕ.
4. Критериум за вреднување на понудите е цената без ДДВ.
Документите за исполнување на условите за учество на јавниот оглас не смеат да бидат постари од 6 месеци од денот на отварање на понудите, освен дозволите издадени од Министрeство за животна средина и просторно планирање и треба да се достават во оригинален примерок или копија заверена од нотар.
Понудите кои во прилог нема да ги содржат сите барани документи со кои се докажува лична, професионална и техничка способност на понудувачот, ќе бидат отфрлени.
Заинтересираните правни лица писмените понуди, потпишани од одговорното лице на понудувачот, во затворен коверт без никакви ознаки со кои би се идентификувал понудувачот, можат да достават до 10.06.2025 година до 11.00 часот, во архивата на претпријатието лично или препорачано по пошта, на адреса: Јавно сообраќајно претпријатие Скопје – Комисија за спроведување на јавен оглас, булевар „Александар Македонски“ бр.10 – Скопје, со назнака во левиот горен дел „Не отварај“ и наведување на бројот на јавниот оглас.
5. Јавното отварање ќе биде на ден 10.06.2025 година во 11.30 часот. Понудите доставени по 11:00 часот, нема да бидат евалуирани.
6. Критериум за вреднување на понудите е цената .
При вреднувањето на понудите најповолна понуда ќе има понудувачот кој ќе понуди највисока цена со пресметан ДДВ. Доколку се пријават два или повеќе понудувачи со иста цена, за најповолен ќе се избере првопристигнатата понуда во архивата на договрниот орган.
7. Пред да започне преземањето на отпадното масло понудувачот се обврзува да реализира авансно плаќање во износ од 200.000 денари кое договорниот орган ќе може да го искористи во случај на задоцнување на обврските од договорот од страна на понудувачот.
8. Динамиката на преземање на отпадното масло ќе биде по претходна најава по мејл од продавачот, ЈСП – СКОПЈЕ но не подолго од рок од 3(три) работни дена.
Транспортот на отпадното масло ќе го врши понудувач, на свој трошок, со сопствено возило.
9. За избор на најповолниот понудувач, останатите понудувачи ќе бидат писмено известени, во рок од 7 дена од денот на извршениот избор.
Со најповолниот понудувач ЈСП Скопје ќе склучи договор за продажба на отпадно масло со времетраење од 3 месеци, со кој ќе се уредат правата и обврските на ЈСП Скопје и на Понудувачот.
Сите заинтересирани понудувачи за подетални информации можат да се јават на телефон 071/370-033.
Скопје, 31.05.2025
В.Д. Директор
Драги Кушовски
Образец на понуда
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
| I.1. | Име на понудувачот : | ||
| I.2. | Контакт информации : | ||
| – Адреса : | |||
| – Телефон : | |||
| – Факс : | |||
| – Е-пошта : | |||
| – Лице за контакт : | |||
| I.3. | Одговорно лице : | ||
| I.4. | Даночен број : | ||
| I.5. | Жиро сметка : | во банка: | |
| I.6. | ЕМБС : | ||
| Реден број | Назив | Килограм | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ |
| 1. | Отпадно масло | 1 |
Вкупната единечна цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: ___________________________________________________________________________ [со бројки] (____________________________________________________________________)денари. [со букви]
Вкупниот износ на ДДВ изнесува: _________________________________________ [со бројки] односно (____________________________________________________________) денари. [со букви]
Односно вкупен износ со ДДВ:_____________________________________________ [со бројки] односно (____________________________________________________________) денари. [со букви]
