Јавен оглас за изнајмување под закуп на 1 (една) дрвенa куќаркa на локација Жичница – Средно Водно

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ

NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP

Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје, Тел. : 02/3174-264, Fax : 02/3174-260, https://skopjebus.mk/mk/

            Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ – Скопје,  (во текстот: ЈСП СКОПЈЕ) – Комисија за спроведување на постапка за прибирање понуди (во текстот: Комисија), објавува:

О Г Л А С  бр. 02/2025

за изнајмување под закуп на 1 (една) дрвена куќарка на локација Жичница – Средно Водно во близина на среден паркинг

1.         Предмет на Огласот

Предмет на Огласот е прибирање на писмени понуди кое завршува со усно јавно наддавање од правни лица за изнајмување под закуп на 1 (една) дрвена куќарка која се наоѓа на локација Жичница – Средно Водно во близина на среден паркинг.

1.1. Куќарка бр. 3 со површина од 7.84 м2

2.         Право на учество

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни правни лица (Понудувачи), кои ги исполнуваат Условите за учество наведени во точка 3 од овој оглас.

3.         Услови за учество

Заинтересираните правни лица (Понудувачи) треба да поднесат Пријава за учество во писмена форма (затворен плик) со следна содржина и прилог документи за докажување на лична и професионална способност:

– Пополнет образец на Понуда објавен на web страната на ЈСП – Скопје;

– Да се регистрирани за обавување на дејности согласно Условите за изнајмување наведени во точка 4., се докажува со прилог

– Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ, не постара од 30 дена во оргинал;

– Тековна состојба издадена од Централен регистар на РСМ, не постара од 30 дена во оригинал;

– Уверение за платени даноци и придонеси издадено од Управа за јавни приходи, не постаро од 30 дена во оргинал;

– Доказ за извршена уплата на паричен депозит за учество на огласот во оригинал;

– Заинтересираните правни лица (Понудувачи)  да немаат отворен долг кон ЈСП “СКОПЈЕ” – Скопје.

Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

Пријавите кои не ги содржат сите наведени елементи ќе се сметаат за нецелосни и како такви ќе бидат отфрлени од понатамошна евалуација во предметната постапката.

4.         Услови за изнајмување

            Објектот кој е предмет на изнајмување под закуп може да биде употребуван исклучиво за угостителски услуги (продажба на пијалаци и/или храна) и/или за продажба на сувенири и друг материјал со цел туристичка промоција на Град Скопје и РСМ.

            Понудувачот, кој ќе биде избран за најповолен понудувач и со кој ќе биде склучи Договор за закуп, се обврзува предметниот објект да го употребува строго наменски за дејности наведени во претходниот став.

            Понудувачот предметниот објект го зема под закуп во постоечка состојба и како таков треба да го врати по истекот на Договорот за закуп, а сите евентуални трошоци за санација и адаптација ќе бидат на негов товар.

            Доколу Понудувачот не се придржува кон сите наведени Услови за изнајмување, ЈСП СКООПЈЕ го задржува правото за еднострано раскинување на предметниот Договор за закуп.

5.         Месечна закупнина

            Најмалата понудена месечна закупнина може да изнесува 19.000,00 денари (деветнаесет илјади денари) за една куќарка без пресметан ДДВ.

6.         Времетраење на закупот

Закупот на предметот од точка 1 на овој оглас е на временски период од 3 (три) години.

7.         Начин на плаќање

Избраниот најповолен Понудувач, понудената цена на јавниот оглас ќе му ја плаќа на ЈСП СКОПЈЕ секој месец како месечна закупнина за целото времетраење на Договорот за закуп согласно точка 6., со посебна должност износот на месечната закупнина да го плаќа најдоцна до 15-ти ден во тековниот месец.

Покрај месечната закупнина од став 1 на оваа точка, избраниот најповолен Понудувач е должен да плаќа и месечни трошоци за потрошена електрична енергија, трошоци за греење, трошоци за вода и ѓубретарина, телефон и други комунални трошоци кои ќе произлезат од користењето на предметот на овој оглас, како и надоместок за осигурување на куќарката согласно фактот дека избраниот Понудувач има посебна обврска да го осигура предметот на овој оглас од пожар, поплава, провала и други опасности, во рок од 7 дена по склучување на предметниот Договор за закуп.

Доколку избраниот најповолен понудувач не ги почитува горенаведените услови, ЈСП СКОПЈЕ го задржува правото да го раскине договорот за закуп со доставување на изјава за раскинување на договор и да го активира депозитот за квалитетно исполнување на обврските од договорот.

8.         Депозит за учество

Депозитот за учество на огласот изнесува 10.000,00 (десет илјади) денари. Уплатата на депозитот за учество на огласот се врши вирмански на сметката на ЈСП СКОПЈЕ, бр. 300000000232933 во Комерцијална банка АД Скопје со цел на дознака (депозит за Оглас бр.02/2025).

Уплатата на депозитот за учество треба да се изврши најдоцна до крајниот рок за поднесување на пријави.

Депозитот за учество се враќа во целост на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на завршување на огласот, освен на понудувачот кој е избран за најповолен понудувач, на кого уплатениот депозит се враќа по склучувањето на Договорот за закуп со кој прецизно се уредуваат односите во врска со предметот од точка 1. Доколку најповолниот понудувач одбие да склучи Договор за закуп, депозитот ќе биде задржан.

9.         Гаранција за квалитетно исполнување на обврските од договорот

Услов за потпишување договор со избраниот најповолен понудувач е уплаќање на гаранција во вид на депозит во износ на 3 (три) месечни закупнини, од страна на избраниот најповолен понудувач на сметка на ЈСП СКОПЈЕ, бр. 300000000232933 во Комерцијална банка АД Скопје.

            Депозитот како гаранција ќе биде со важност за целото времетраење на договорот. Во случај на неисполнување на некоја од обврските од договорот, закуподавачот ќе го извести закупецот дека ќе пристапи кон наплата на депозитот.

            Доколку договорот е целосно реализиран согласно договореното, депозитот како гаранција се враќа на закупецот во рок од 15 дена по истекот на договорот.

10.         Рокови

            Пријавите за учество на огласот во затворен плик со назнака за „Оглас за изнајмување под закуп на 1 (една) дрвена куќарка на локација Жичница – Средно Водно во близина на среден паркинг“ може да се достават до ЈСП СКОПЈЕ, по пошта со препорачана пратка на адреса Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје или директно во архивата на ЈСП СКОПЈЕ.

            Краен рок за доставување на пријавите за учество на огласот заедно со бараната документација е до 25.08.2025 година до 11:00 часот.

            Отворањето на пријавите за учество ќе се врши јавно во просториите на ЈСП Скопје на ден 25.08.2025 година со почеток во 12:00 часот.

11.      Начин на постапка и спроведување на јавното наддавање

            Комисијата на денот на отворањето ги отвора пристигнатите пријави за учество согласно редоследот на пристигнување во архивата на ЈСП Скопје, за што составува Записник од отворањето на пријавите за учество.

Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на јавното отворање, по електронски пат ги известува подносителите на пријавите за учество за комплетноста и соодветноста на пријавата согласно условите од јавниот оглас, при што на понудувачите кои доставиле комплетна и соодветна пријава ги поканува да учествуваат на усно јавното наддавање, а на понудувачите кои доставиле некомплетна или несоодветна пријава им доставува известување дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

Усното јавно наддавање ќе се одржи во просториите на ЈСП Скопје во време и датум утврдено во е-поштата.

Секој понудувач на денот на усното јавно наддавање треба да поднесе документ за лична идентификација или полномошно потпишано и заверено од страна на Управителот на друштвото, во спротивно ќе биде спречен да учествува  на усното јавно наддавање.

Усното јавно наддавање започнува со објавување на добиената највисока цена (месечна закупнина) од доставените пријави за учество за предметниот оглас.

Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор за 5% од почетната цена (месечна закупнина) за објектот кој е предмет на изнајмување под закуп.

Учесникот на наддавањето кој понудил највисока цена (месечна закупнина) се стекнува со статус најповолен понудувач.

Напомена:

  • Доколку е доставена една пријава за учество нема да се одржи усно јавно наддавање, првичната понуда ќе се смета за конечна.
  •  Доколку и по одржаното јавно наддаавање не се добие износ (месечна закупнина) иста или над минималниот износ предвиден во точка 5. од овој оглас, Комисијата за спроведување на постапката нема да донесе Одлука за избор на најповолен понудувач и огласот ќе го поништи.

Незадоволните Понудувачи можат да поднесат приговор до Комисијата за спроведување на постапката во рок од 3 (три) дена од денот на добивањето на одлука за избор на најповолен Понудувач.

            По приговорот на Понудувачот, Комисијата за спроведување на постапката е должна да одлучи во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на приговорот. Одлуката на Комисијата е конечна.

12.     Завршни одредби

            – ЈСП – Скопје и најповолниот понудувач во рок од 7 (седум) дена по завршувањето на постапката ќе склучат Договор за закуп – во кој прецизно ќе ги уредат односите во врска со предметот Оглас.

            – Овој оглас ќе биде објавен во средствата за јавно информирање – дневните весници и на web страната на ЈСП – Скопје, https://skopjebus.mk/mk/za-nas/proekti/

            – Лице за контакт за заинтересираните странки е Ана Божинова,  тел.070-289-643 , email: aneta.stojanovska@jsp.com.mk

ЈСП  “СКОПЈЕ“ – Скопје

Комисија за спроведување на постапката

  1. Олгица Гавриловска
  2. Ана Божинова
  3. Димитар Кочовски

Скопје, 08.08.2025 година

Образец бр.1                   

ДО:      ЈСП СКОПЈЕ – Комисија за спроведување на постапката

            за прибирање на понуди по јавен оглас БР. 02/2025

П  О  Н  У  Д  А

            за куќарка во врска со Огласот бр. 02/2025 за „Изнајмување под закуп на 1 (една) дрвена куќарка на локација Жичница – Средно Водно во близина на среден паркинг“, по пат на прибирање на писмени понуди кое завршува со усно јавно наддавање, објавен од страна на ЈСП СКОПЈЕ.

1.         ОПШТ ДЕЛ:

1.1.      Назив на понудувачот:       __________________________________________

                                                            __________________________________________

1.2.      Контакт информации:

            Аредса:                      ________________________________________________

             Телефон:                   ________________________________________________

             Факс:                          ________________________________________________

              Е-пошта:                   ________________________________________________

             Лице за контакт:     ________________________________________________

1.3.      Одговорно лице:      ________________________________________________

1.4.      Даночен број:           ________________________________________________

1.5.      Нашата понуда е составено од следните делови:

            – Пополнет образец на Понуда;

            – Документи за докажување на лична и професионална способности:

                        – Тековна состојба издадена од ЦРМ на РСМ;

                        – Потврда за регистрирана дејност издаден од ЦРМ на РСМ;

                        – Уверение за платени даноци издадено од УЈП на РСМ;

            – Доказ за извршена уплата на депозит за учество на огласот.

1.6.      Со поднесувањето на оваа Понуда во целост ги прифаќаме сите услови наведени во предметниот Оглас бр. 02/2025.

1.7.      Доколку бидеме изабрани за најповолен понудувач се обврзуваме да склучиме Договор за закуп на предметниот објект согласно понудената цена и услови наведени во предметниот Оглас бр. 02/2025, а доколку тоа не го сториме се согласуваме депонираните средства да бидат задржани од страна на ЈСП СКОПЈЕ.

2.         ЦЕНА ЗА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВЕН ОГЛАС (МЕСЕЧНА ЗАКУПНИНА):

            Наша вкупна цена без ДДВ за месечна закупнина за една куќарка бр. 3, која е предмет на јавниот оглас изнесува: _________________ [со бројки], _____________________________________________________________ [со букви].

            НАПОМЕНА: Документите за докажување на лична и професионална способност се доставуваат во оргинал или копија заверена на нотар и несмее да бидат постари од 30 дена.

 Доказот за извршена уплата на депозит за учество се доставува во оргинал.

     Место и датум:                                                                       Одговорно лице:

    __________________                                                                       _______________________

                                                                                                        (потпис и печат)

Решение за мирување на постапката отвори тука

Решение за мирување на постапката отвори тука

Comments are closed.