Врз основа на член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор, член 37-и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерениот оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ за 2025 година и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 02-1226/1 од 30.12.2025 година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 2/2025
1. Помлад возач на автобус во јавен превоз (КДР0305Б04104) – Оддел за јавен превоз, Одделение за сообраќај, Сектор автобаза Автокоманда – (15) извршители;
2. Помлад возач на автобус во јавен превоз (КДР0305Б04104) – Оддел за јавен превоз, Одделение за сообраќај, Сектор автобаза Ѓорче Петров – (15) извршители;
