СРЕДНОШКОЛЦИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ВОЗАТ БЕСПЛАТНО И ЗА ВРЕМЕ НА РАСПУСТОТ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година, која вели “со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“.

Со почит,

ЈСП СКОПЈЕ

Comments are closed.