СОРАБОТКАТА НА ЈСП СО АСУЦ ПРОДОЛЖУВА

Со обновување на Меморандумот за соработка продолжува и се продлабочува образовната, практичната и техничката соработка меѓу АСУЦ ,,Боро Петрушевски” на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Меморандумот за соработка на заедничка средба го потпишаа директорот на АСУЦ ,,Боро Петрушевски” на Град Скопје, Александар Стрезов, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје, Сашо Илиевски.

Оваа соработка ќе овозможи заедничко делување во областа на образованието, со посебен фокус на поддршка на младите, креирање стручни практики и развој на иницијативи.

Јавното сообраќајно претпријатие и понатаму ја зацврстува улогата како општествено одговорно јавно претпријатие кое активно соработува со заедницата.

Comments are closed.