ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, на 11.10.2025 година (сабота) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурна ќе бидат билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар, која ќе работи од 8 до 14 часот.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.
