НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД НА ЗАДУШНИЦА, ЌЕ ИМА ДЕЖУРНИ БИЛЕТАРНИЦИ, ЖИЧНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ ДО 20 ч

Почитувани, 

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница, утре, петок (21.06.2024) и во сабота (22.06.2024) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела (23.06.2024) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. 

Утре (21.06.2024) од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците во Ѓорче Петров и таа на Транспортен центар, а во сабота (22.06.2024) сите билетарници и центри за персонализација ќе имаат редовно работно време.

Жичницата утре (21.06.2024), како и за време на викендот, ќе работи вообичаено, од 10 ч до 20 ч. 

Со почит,

ЈСП СКОПЈЕ

Comments are closed.