Директорите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, Сашо Илиевски, и на СУГС ЕМУЦ „8-ми Септември“-Скопје, Анастас Чангоски, потпишаа Меморандум чиј предмет е дефинирање на рамка за соработка помеѓу договорните страни во заеднички интерес, заради олеснување и охрабрување на образовната, практичната и техничката соработка.
Со потпишувањето на документот, страните се обврзаа и на воспоставување взаемни консултативни, организациски и едукативни активности, размена на искуства и најдобри практики, наменети за учениците од СУГС ЕМУЦ „8-ми Септември“-Скопје. Учениците преку организирани посети на Јавното сообраќајно претпријатие-СКОПЈЕ ќе реализираат практична и феријална настава, во согласност со нивните наставни програми.
Соработувајќи во повеќе полиња од заеднички интерес користејќи ги расположливите ресурси и стекнати искуства, СУГС ЕМУЦ „8-ми Септември“-Скопје во ЈСП – Скопје доби уште еден значаен партнер. Оваа соработка ќе придонесе кон создавање квалитетен и стручно оспособен кадар, подготвен да одговори на потребите на машинската и сообраќајната струка.

