Поради изведување градежни работи и реконструкцијата на коловозот на надвозникот во Автокоманда од ден 30.07.2026 до завршување на работите, автобусите на лииниите 13 и 42 ќе сообраќаат по изменета траса.
Линиите ќе бидат пренасочени по најблиските сообраќајници: од Меркур по сервисната улица кај Дирекцијата на ЈСП Скопје потоа по улица Кочо Битољану (Пивара) во насока кон Кисела Вода и Драчево, во обратна насока кон Железара само по ул.Кочо Битољану при што привремено нема да ги опслужуваат автобуските постојки на затворениот дел од тасата, постојката Алкалоид во насока кон нас.Аеродром и постојката Институт за заварување и постојката С.С.Автокоманда.
Патниците се замолуваат да ги користат најблиските достапни постојки, пат кон ЈСП и постојката Скопска пивара, и да предвидат дополнително време за патување. Позавршување на реконструкцијата линиите 42 и 13 ќе продолжат да сообраќаат по редовната траса.
Ви благодариме на разбирањето.
