Известување за линијата 31

Ве информираме дека, поради сообраќајна незгода на ул. „Киро Фетак“ (Долно Лисиче), автобусната линија 31 е привремено пренасочена.

Линијата ќе сообраќа од Цементарница „Усје“, по левата страна на бул. „Србија“, а потоа ќе продолжи по трасата на линијата 33 до терминалот во Долно Лисиче.Во обратна насока, линијата ќе се движи по истата изменета траса.

Ви благодариме на разбирањето.

[Едит] Линија 31 од 22 часот сообраќа по траса во двете насоки. Расчистена е сообраќајната незгода.

Comments are closed.