Ве известуваме дека од 07.05.2026 година, Општина Кисела Вода веќе започна со реконструкција на улицата „Киро Фетак“, во делот кај мостот, односно по вкрстувањето со улицата „Герника 10“ (Драчево – Долно Лисиче).
Со започнувањето на градежните активности, автобусите на линиите 31 и 163 кои сообраќаат на овој потег ќе бидат пренасочени по следните траси:
Линија 31:
Од Транспортен Центар до Цементарница „Усје“ ќе сообраќа по редовната траса, по што ќе продолжи лево кон бул. „Србија“, потоа десно кон бул. „12-та Македонска Бригада“, продолжува по ул. „Горно Лисиче“ и ќе се движи кон Долно Лисиче – терминал, до терминалот на линија 33-Долно Лисиче Чатал-Т . Во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 163:
Од с. Драчево ќе продолжи низ населбата Драчево по ул. „Иван Хаџиниколов“, ул. „Славка Динкова“, ул. „Јустинијан Први“, потоа по бул. „Борис Трајковски“, десно кон бул. „Србија“, десно кон бул. „12-та Македонска Бригада“, продолжува по ул. „Горно Лисиче“ кон Долно Лисиче – терминал, а потоа ќе се врати на својата редовна траса. Во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса.
Улицата ќе биде затворена за сообраќај во двата правци во период од 6 (шест) месеци.
Доколку градежните работи завршат пред предвидениот рок, јавноста ќе биде навремено известена.
Ви благодариме на разбирањето.
