Известување добиено од Општина Гази Баба кое го пренесуваме во целост и поради тоа линиите ќе бидат пренасочени од Маџари преку надвозникот кај Агросервис и надвозникот кај Автокоманда од каде ќе продолжат кон своите траси.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
Општина Гази Баба ги известува граѓаните дека на 06.08.2026 година (четврток), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари.
За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа патниот премин, ќе биде целосно во прекин.
Работите се реализираат во координација со СВР Скопје
Поради тоа се замолуваат граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките на полициските службеници, како и навремено да ги планираат своите патувања.
