Известување за корисниците на билети за возрасни лица

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите корисници на билети за возрасни лица од “старосна група – над 62/64 години”, дека заверката на истите за 2026 година, може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи од 15.12.2025 година.

Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите билети за возрасните лица од “старосна група – над 62/64 години”, кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани.

Со почит,

ЈСП СКОПЈЕ

Comments are closed.