Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес и утре (07.10.25 и 08.10.25), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.
Ви благодариме на разбирањето.
