ЖИЧНИЦАТА НЕ РАБОТИ ПОРАДИ НЕВРЕМЕ

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека жичницата на Водно нема да биде во функција поради невреме. Најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.

Ви благодариме на разбирањето.

Comments are closed.