Жичницата нема да работи поради технички зафати

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека во среда (27.11.2024), жичницата на Водно нема да биде во функција поради предвидени технички зафати.

По завршување на зафатите, во  четврток (28.11.2024) објектот ќе продолжи да работи со вообичаено работно време.

Ви благодариме на разбирањето.

Comments are closed.