Возен режим за Богојавление (Водици)

Ве информираме дека во понеделник (19.01.2026 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

На Водици од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи.

Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.

На православните христијани им го честитаме празникот

 Богојавление (Водици).

Comments are closed.