Важно известување: Се воведува нова мобилна апликација SkopjeBus и нов начин на плаќање на билет преку бројот 185.

Почитувани корисници на услугите на ЈСП Скопје,

Ве известуваме дека во склоп на проектот за надградба на системот за автоматизирана наплата и контрола на патници, во употреба ќе се пушти нова мобилна апликација, и истата ќе може да се симнува и инсталира почнувајќи од 30.10.2024 година. Со пуштањето на новата апликација во употреба, старата автоматски ќе биде ставена надвор од употреба. Во овој процес, сите патници кои ја користат старата апликација (Skopska), ќе треба да ја симнат и инсталираат новата апликација (SkopjeBus) од локација на Google Play или Apple Store во зависност од уредот кој го поседуваат. Со инсталирањето и логирањето на новата апликација сите средства кои корисникот ги поседувал досега во паричникот, автоматски ќе бидат префрлени на неговата сметка во новата апликација. Новата апликација има лесен и интуитивен интерфејс, а упатството за нејзиното користење може да го најдете преку едноставно скенирање на QR кодот кој можете да го најдете во сите автобуси за градски превоз, што ќе ве однесе директно до локацијата со упатствата за користење.

Ја користиме оваа прилика и да ве известиме дека новата опрема во автобусите (валидаторите) користат NFC технологија, за разлика од старите уреди кои користеа RFID технологија. NFC технологијата ја зголемува безбедноста на системот, и ја намалува можноста за повеќекратно несакано скенирање на електронските картички на патниците. Оваа технологија бара електронската картичка да се доближи блиску до уредот за отчитување (валидаторот), затоа ве молиме истата да ја извадите од својот паричник или чанта и да ја доближите до местото за отчитување на валидаторот. ЈСП Скопје навремено ќе ве известува за сите промени во системот, како би овозможил што полесен премин на новата платформа, која ќе ја зголеми безбедноста и ефикасноста на процесот на продажба и контрола на билети, и едновремено ќе ја поедностави и олесни употребата од страна на нашите ценети патници.

Comments are closed.