
ЈАВЕН ПОВИК бр. 06/2026
За избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
ЈСП-Скопје има потреба од избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад железо,метални буриња, опасен отпад, електронски отпад, гуми, дрво, пластика, стакло-кои се дотраени, неупотребливи или технолошки застарени и кои не се користат од страна на ЈСП-Скопје.
Предмет на повикот:
Продажба и преземање на отпадни материјали (железо, метали, електронски отпад, акумулатори, отпадно масло, гуми, пластика, стакло, дрво и др.) кои се дотраени и неупотребливи, лоцирани во автобазите на ЈСП-Скопје.
Критериум за избор:
Највисока понудена цена (со вклучен ДДВ).
Право на учество:
Сите правни лица регистрирани и лиценцирани за вршење дејност од областа на управување со отпад.
Начин на аплицирање:
Понудите се доставуваат во затворен коверт, по пошта или лично, на адреса:
ЈСП-Скопје, бул. „Александар Македонски“ бр.10, Скопје, со назнака „Не отворај – за јавен повик“.
Краен рок:
05.08.2026 година до 09:00 часот.
Лица за контакт во врска со јавниот повик
Јане Бошески тел: 070-268-340
e-mail: jane@jsp.com.mk
Подетални информации за предметот на јавниот повик, како и потребна документација во врска со јавниот повик ќе бидат објавени и може да се превземат од веб страната на – Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕhttps://skopjebus.mk/mk/za-nas/proekti/
