Известување за недела (5.04.26)

Во недела (5.04.26), поради асфалтирање на коловозот, потегот од Чешма (Ресторан Ив) до Осигурување Македонија ќе биде целосно затворен за сообраќај се до изутрина во понеделник (7:30 часот).

Поточно, ќе биде затворен делот од крстосницата на ул. 11 Октомври со бул. Кочо Рацин, па сè до почетокот на бул. Борис Трајковски (Рампа Кисела Вода).

Возилата од линиите што сообраќаат на овој потег ќе се пренасочуваат по трасата на линија број 7, потоа кон Цементара и понатаму по своите редовни траси.

Во обратна насока ќе сообраќаат по истата изменета траса.

Comments are closed.