Политика на приватност
Политика на приватност
Последна измена: 05.11.2024
Jавното сообраќајно претпријатие Скопје ја создаде ЈСП Скопје мобилната апликација како бесплатна за користење апликација. Оваа Услуга се обезбедува од Jавното сообраќајно претпријатие Скопје без надоместок и е наменета за употреба како што е создадена. Оваа страница служи за информирање на посетителите во врска со нашите политики за собирање, користење и откривање на лични информации доколку некој одлучил да ја користи нашата услуга. Ако изберете да ја користите нашата Услуга, тогаш се согласувате со собирање и користење на информации во врска со оваа политика. Личните информации кои ги собираме се користат за обезбедување и подобрување на Услугата. Ние нема да ги користиме или споделуваме вашите информации со никого освен како што е опишано во оваа Политика за приватност. Термините, кои што се користат во оваа Политика за приватност го имаат истото значење како во нашите Услови за користење, кои се достапни на веб страницата на ЈСП Скопје освен доколку во Политиката за приватност не е дефинирано друго.
Собирање и употреба на информации
За подобро искуство, додека ја користите нашата Услуга, може да побараме од вас да ни доставите одредени лични информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на електронска пошта, телефон (по избор), име (по избор), презиме (по избор). Информациите што ги бараме ќе бидат задржани употребувани како што е опишано во оваа Политика за приватност.
Апликацијата употребува услуги од трета страна кои може да собираат информации што се користат, за да ве идентификуваат. Нивните политики за приватност се наведени и линкувани подоле
Log Data
Сакаме да ве информираме дека секогаш кога ја користите нашата Услуга, во случај на грешка во апликацијата собираме податоци и информации (преку услуги од трети страни) на вашиот телефон наречени податоци за евиденција. Овие податоци за евиденција може да вклучуваат информации како што се адресата на Интернет протоколот („IP“) на вашиот уред, името на уредот, верзијата на оперативниот систем, конфигурацијата на апликацијата кога ја користите нашата услуга, времето и датумот на вашата употреба на Услугата и други статистички податоци.
Колачиња Колачињата се датотеки со мала количина на податоци кои вообичаено се користат како анонимни уникатни идентификатори. Тие се испраќаат до вашиот прелистувач од веб-локациите што ги посетувате и се складирани во внатрешната меморија на вашиот уред. Оваа Услуга не ги користи овие „колачиња“ експлицитно. Сепак, апликацијата може да користи код од трета страна и библиотеки кои користат „колачиња“ за собирање информации и подобрување на нивните услуги. Имате опција или да ги прифатите или одбиете овие колачиња и да знаете кога се испраќа колаче на вашиот уред. Ако изберете да ги одбиете нашите колачиња, можеби нема да можете да користите некои делови од оваа услуга.
Даватели на услуги Може да ангажираме компании или поединци од трети страни поради следните причини:
- За да ја поедноставиме нашата услуга;
- Да ја обезбедиме услугата во наше име;
- За извршување на на поврзани услуги; или
- За да ни помогне да анализираме како се користи нашата услуга.
Сакаме да ги информираме корисниците на оваа услуга дека овие трети страни имаат пристап до вашите лични податоци, од причина што им се потребни, за да ги извршуваат задачите што им се доделени во наше име. Сепак, тие се обврзани да не ги откриваат или користат информациите за која било друга цел.
Заштита Ја цениме вашата доверба во обезбедувањето на вашите лични податоци, па затоа се стремиме да употребуваме комерцијално прифатливи средства за нивна заштита. Но, ве молиме имајте во предвид, дека ниту еден начин на пренос преку интернет или метод на електронско складирање не е 100% безбеден и сигурен и не можеме да ја гарантираме неговата апсолутна безбедност.
Врски до други сајтови Оваа услуга може да содржи линкови до други сајтови. Ако кликнете на врска од трета страна, ќе бидете упатени на таа страница. Ве молиме, имајте во предвид дека овие надворешни страници не се управувани од нас. Затоа, ве советуваме да ја прегледате Политиката за приватност на овие веб-локации. Ние немаме контрола и не преземаме одговорност за содржината, политиките за приватност или практиките на веб-локациите или услугите на трети страни.
Приватност на малолетни лица Овие Услуги не се наменети за употреба на лица помлади од 13 години. Ние свесно не собираме информации за лична идентификација на деца под 13 години. Во случај да откриеме дека дете под 13 години ни дало лични податоци, веднаш ги отстрануваме тие инфомрации од нашите сервери. Ако сте родител или старател и сте свесни дека вашето дете ни доставило лични податоци, ве молиме контактирајте не, за да можеме да ги превземеме потребните активности.
Промени на оваа Политика за приватност Оваа Политика за приватност подлежи на обновување. Затоа, ве советуваме периодично да ја прегледувате оваа страница за промени. Ќе ве известиме за какви било промени со објавување на новата Политика за приватност на оваа страница. Оваа Политика е во сила од 01.08.2024 година
Контактирајте не Ако имате какви било прашања или предлози за нашата Политика за приватност, не двоумете се да не контактирате на
support-jsp@modeshift.com.
