СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

По повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026″, која ќе се одржи на 3 октомври 2026 година (сабота) во Скопје, ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека ќе обезбеди бесплатен јавен превоз.

Манифестацијата е предвидено да започне во 18:00 часот на 3 октомври, а да заврши во 03:00 часот на 4 октомври 2026 година.

Бесплатниот превоз се обезбедува со цел да се овозможи непречено присуство на граѓаните на манифестацијата и нивно навремено враќање по завршувањето на програмата.

ЈСП Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од настанот.

Comments are closed.