СООПШТЕНИЕ ЗА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН 2026

Поради одржување на манифестацијата Виз Ер Скопски Маратон 2026 :

Во периодот од 23:00 часот на 3.10.2026 до 17:00 часот на 4.10.2026 година, ул.Димитрие Чуповски од крстосницата со ул.Даме Груев и ул.11 Октомври (Градска болница) до крстосницата со ул.Даме Груев (Т.Ц. Палома Бјанка) ќе биде целосно затворена. Во овој период, возилата од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по ул.Даме Груев, позади Републичкото собрание.

На ден 4.10.2026 г. (недела) во периодот од 7:00 до 14:00 часот или до ослободување на затворените улици, ќе биде променет режимот на работа на линиите на jавниот градски и приградски превоз.


            Промените се состојат во следново на 4.10.2026 г.:

  1. Линии со непроменета траса:

     а)  Градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В.

     б)  Приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71, 74, 81 и 162.

  • Линии кои нема да сообраќаат до 14:00 часот:

      3Б, 4, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.

3.   Линии со изменета траса:

– Линија бр. 5: Од Дексион, ул.Ѓ.Петров, бул.Партизански Одреди, бул.Г.Делчев, бул.Крсте Мисирков (МАНУ), бул.К.Ј.Питу, бул.Јане Сандански, кај Мајчин дом лево, бул. АСНОМ, Ново Лисиче (терминал), a oбратно од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул.Крсте Мисирков, лево по бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди до Дексион (терминал).

– Линија бр. 7: Од Горно Лисиче (Хемтекс), бул.12та Македонска бригада, десно по бул.Србија, лево по бул.Јане Сандански, бул.К.Ј.Питу, десно по бул.Крсте Мисирков (МАНУ), лево по бул.Гоце Делчев, бул.Партизански Одреди до Карпош 3 (Терминал), a oбратно од Карпош 3, по редовна траса до Соборен Храм, лево по бул.ВМРО, десно по бул.Гоце Делчев, десно по бул.Крсте Мисирков (МАНУ), лево по бул.К.Ј.Питу, бул.Јане Сандански, кај Мајчин дом лево по бул.АСНОМ, десно по бул.Србија, лево по бул.12та Македонска бригада и по редовната траса до крајна станица.

– Линија бр. 15 и 15А: Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул.Крсте Мисирков (МАНУ), лево по бул.Гоце Делчев и продолжуваш по редовна траса соодветно, a oбратно од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, бул.Гоце Делчев, десно по бул.Крсте Мисирков (МАНУ), бул.К.Ј.Питу, бул. Јане Сандански, кај Мајчин дом лево по бул.АСНОМ, Ново Лисиче (терминал).

– Линија бр. 21 и 22: Тр.центар, бул.К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 23: Од Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа десно по ул.Мирче Ацев, пред хотел Холидеј ин десно кон Дрводекор и продолжуваш по бул.Кузман Јосифовски Питу, бул.Јане Сандански до Мајчин Дом, лево по бул.АСНОМ, и продолжува по својата траса.

– Линија бр. 27: Од Вардарска по редовна траса до Југодрво, потоа десно по ул.Мирче Ацев, пред хотел Холидеј ин десно кон Дрводекор и продолжуваш по бул.Кузман Јосифовски Питу, бул.Јане Сандански до Мајчин Дом, лево по бул.АСНОМ, бул.Србија и продолжува по својата траса.

– Линија бр. 28: Од Македонско село, с.Горно Нерези до Козле терминал 57, во обратна насока по истата траса.

– Линиите бр. 41, 31, 51, 67, 70: Од почетен терминал по редовна траса по бул.Борис Трајкоски, десно по бул.Србија, лево по бул.Јане Сандански до Тр.центар, а во обратна насока од Тр.Центар десно по бул.Јане Сандански, кај Мајчин дом лево по бул.АСНОМ, десно по бул.Србија, лево по бул.Борис Трајковски до крајна станица по редовна траса.

– Линија бр. 50 и 50А: Од Хиподром и Маџари по редовната траса до хотел Холидеј ин, потоа лево кај Дрво декор, потоа лево кон Битпазар и продолжува по редовната траса.

– Линија бр. 57: Од Радишани до Бит пазар по траса, потоа мост Гоце Делчев, бул.Партизански Одреди,  ул.Љубљанска (терминал на 19), лево по Бул. Илинденска, лево по ул. Никола Парапунов, потоа пак лево кон  бул.Партизански Одреди и продолжува кон мост Гоце Делчев, Битпазар и продолжува по редовна траса.

– Линија бр. 59: Од Карпош 3 по редовна траса до Соборен Храм, лево по бул.ВМРО, бул.Гоце Делчев, лево кај Битпазар и продолжуваш по редовна траса до крајна станица, а во обратна насока по истата изменета траса.

– Линија бр. 59А: Од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул.Крсте Мисирков кон Битпазар и продолжуваш по редовна траса до крајна станица, а во обратна насока по редовна траса до Битпазар, право по бул.Крсте Мисирков, лево по бул.К.Ј.Питу, бул.Јане Сандански, кај Мајчин дом лево по бул.АСНОМ до Ново Лисиче (терминал).

– Линија 58, 58а и 58б: Од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до Дом на слепи, потоа десно по бул.Борис Трајковски, па лево по бул.Србија, лево по бул.Јане Сандански до Тр.центар, а во обратна насока од Тр.Центар десно по бул.Јане Сандански, кај Мајчин дом лево по бул.АСНОМ, десно по бул.Србија, десно по бул.Борис Трајковски до крајна станица по редовна траса.

4. Ве информираме дека сите учесници на Скопскиот маратон (оние кои имаат и носат стартни броеви на маичките) можат да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП СКОПЈЕ за денот на маратонот.

Comments are closed.